Производи

Продавници

Ресторан

Комплекс Трница

ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ!

Брендот „Кораб Трница“ потекнува од далечната 1945 година. Од почетокот на своето постоење, главната дејност била одгледувањето овци, а со тоа и производство и самостојна продажба преку сопствени продавници  на млечни производи и на месо. „Кораб Трница“ како бренд станува познат по надалеку познатите традиционални производи како што се „кораб кашкавал“, „трничко сирење“ и „трничко кисело млеко“. Со текот на годините претпријатието бележи континуиран раст и проширување на своите дејности. Оттаму, во 1974 година е изграден и почнува со работа ресторанот „Кораб Трница“, а потоа е дополнет и со сместувачки комплекс. Како посебно обележје на ресторанот станува качамакот, кој се служи со кисело млеко, со „кораб кашкавал“ или со „трничко сирење“, кои традиционално биле произведувани во мандра, а потоа чувани во пештери на планината Кораб.

Во 2015 година почнува циклусот на инвестиции со кои се враќа сјајот на брендот „Кораб Трница“. Денес, освен што е задржан традиционалниот дух, направено е модернизирање и проширување на дејностите на претрпијатието. Концептот на „Кораб Трница“ може да се нарече „од природа до трпеза“. Ваквиот концепт подразбира производство на природни производи и нивна продажба.  Под брендот „Кораб Трница“ се произведуваат и се продаваат широка палета природни производи како што се овчи, козји и кравји млечни производи. Продажбата на производите се врши преку големопродажба во многу маркети низ територијата на Македонија. Кораб Трница исто така врши извоз на своите производи во маркети на територијата на Црна Гора, Србија и Косово.

МИСИЈА

Задоволување на потребите на потрошувачите преку целокупен концепт на производство и продажба на природни прехранбени производи.

ВИЗИЈА

Нашата визија е да станеме најголем производител на природни производи со премиум квалитет на територијата на Република Македонија.

      Контакт :

  • Хотел                             076 361 953/  hotel@korabtrnica.mk
  • Ресторан                     078 913 434/  restoran@korabtrnica.mk
  • Големопродажба    075 217 547
  • Сметководство       02 5110 096